Балотели предизвика жестоки реакции поради скандалозното видео посветено на Путин

Како играч на Ница, во 2018 година италијанскиот напаѓач Марио Балотели беше во Москва, а таму сними видео на кое може да се види како го бара Владимир Путин.

Пред мечот со Спартак, тогашниот фудбалер на Ница се шеташе низ Москва и се снимаше како вели: „Путин, Путин, каде си Путин?“, додека неговите соиграчи се смееја.

И четири години подоцна, контроверзниот напаѓач се „сети“ на претседателот на Русија, за многумина во светот омразен лик бидејќи ја нападна Украина.

Со избувнувањето на војната во Украина, светскиот фудбал почна да се дистанцира од Русите. Нивните клубови се суспендирани од европските натпреварувања, а репрезентацијата не смее да игра во квалификациите за ЕП 2024.

Сепак, има многу фудбалери кои се уште ја фалат Русија и ја толерираат војната. Еден од нив е и контроверзниот напаѓач Марио Балотели.

Тој објави видео на Инстаграм во кое го споредува однесувањето на американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин додека му оддаваат почит на паднат војник.

Марио јасно го прикажува Путин во позитивно светло, бидејќи не се плаши ниту од дождот додека му оддава почит на починатиот војник, додека Бајден гледа во часовникот. Видеото предизвика многу реакции и негативни коментари и затоа тој мораше да се огласи и да го објасни својот став.

-Не се работеше за политика. Се работеше за почитување на луѓето кои загинаа. Престанете да плачете и сфатете ја поента“, објави Балотели.

Како што е познато Балотели моментално игра за турска Адана каде што член е нашиот репрезетнативец Јован Манев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО