Алберт Наѓ, кој досега беше помошник тренер во стручниот штаб на Игор Дуљај, ќе биде новиот тренер на белградски Партизан, најмалку до крајот од сезоната, објавија синоќа „црно-белите“.
Управниот одбор на Партизан донел едногласна одлука за отпуштање на Игор Дуљај од тренерското место и за назначување на неговиот помошник за нов тренер, барем на следните пет натпревари.
Наѓ е привремено решение, а по завршувањето на сезоната Партизан ќе побара некој што е подготвен да се нафати со тренерската работа со „црно-белите“.