Касаткина ќе биде безбедна во С. Арабија на завршниот ВТА турнир

Русинката Дарија Касаткина, 11-та светска тенисерка, вели дека добила уверување од ВТА и од организаторите на турнирот во Саудиска Арабија дека може да се чувствува совршено безбедно доколку дојде во оваа азиска земја на завршниот турнир од сезоната.

Касаткина (26), која отворено зборуваше за својата хомосексуалност, изјави дека стравува од заминување во Саудиска Арабија поради односот на државата кон хомосексуалците. Претходно овој месец, ВТА објави дека постигнале тригодишен договор со Саудиска Арабија за организација на финалето на ВТА во Ријад.

Касаткина беше една од најгласните во критиките за тоа што ВТА ѝ го даде финалето на сезоната на Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО