На ден пред отворањето на ОИ соборен е првиот светски рекорд!

Олимписките игри (ОИ) во Париз 2024 година се’ уште не се официјално почнати, а веќе е соборен првиот светски рекорд. Станува збор за нов светски рекорд во еден од спортовите што почнуваат пред свеченото отворање закажано за утре.

Корејката Лим Си-хјеон (21) забележа скор од 694 поени (од максимални 720) во квалификациската рунда од женскиот поединечен турнир во стреличарство.

Со тоа таа постави нов светски рекорд во дисциплината што досега и припаѓаше на нејзината сонародничка, Канг Чае-jонг од 692 поени, поставен на СП 2019 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО