МЗТ Скопје ја одбрани титулата

Koшаркарите на МЗТ Скопје денеска го совладаа Пелистер во Битола со 78:67 и ја обезбедија 11 титула во домашниот шампионат. Популарните „штркови“ доминираа континуирано во салата „Боро Чурелевски“ и на крајот се израдуваа на третата победа во финалето во плеј-офот која им го донесе посакуваниот пехар.

Битолчани и трета сезона по ред не успеваат да го запрат МЗТ Скопје да се искачи на шампионскиот трон.

Во редовите на скопскиот тим Баковиќ и Гилон застанаа на 15 кошеви додека кај битолчани се издвоија Мијовиќ и Костоски кои постигнаа по 19 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО