Анчелоти: Баерн се жали на судењето? Ок, имам и јас што да кажам

Коментарите на Карло Анчелоти на пресконференцијата по натпреварот ќе предизвикаат лавина реакции со сигурност.

Реал Мадрид синоќа успеа во еден посебен сплет на околности, да дојде до уште едно финале во ЛШ, овој пат елиминирајки го Баерн Минхен во натпревар полн со перипетии и сомнителни одлуки на судиите.

Но стариот лисец имаше што да каже на пресконференцијата пред новинарите, дека ако Баерн се жали за нешто, исто така и тие ќе се пожалат на нешто друго.

– Баерн се пожалил на арбитражата? Ок, тогаш ние ќе се жалиме за поништениот гол на Начо по дуелот со Кимих. Во таа ситуација Кимих симулираше. Офсајд ситуацијата е лесна за објаснување. Можеби и не беше офсајд, но судијата свирна пред голот и ние престанавме да играме, тоа е се, порача Анчелоти.

Инаку Анчелоти го пофати својот тим кој без оглед на бројните проблеми, има можност по 15 пат да стане шампион на Европа.

– Имавме доста проблеми сезонава, не само поради повредите на Куртоа, Милитао, Алаба, го загубивме и Винициус на две места. Камавинга и Чуамени, но никогаш не се жалевме, погледнете кај сме сега, се надоврза Анчелоти.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО