Може ли Штип УГД да освои уште еден трофеј?

Завршницата во македонската машка одбојкарска лига ќе биде крајно неизвесна годинава. Одбојкарите на Штип УГД ја совладаа Струмица 47&72 на домашен терен во својата сала со 3:1 (30:28, 17:25, 25:20, 25:21) и израмнија на 1:1 во серијата.

Освојувачот на годинашниот куп на Македонија ја искористи предноста на домашниот паркет што значи дека во битката за тронот ќе има уште најмалку два натпревара, а пехарот ќе го освои екипата што прва ќе оствари три победи.

Третата средба ќе се игра денеска во Струмица, на теренот на тимот што освои девет титули од 2012-та па досега. Неприкосновениот тим во македонската одбојка во последната деценија сезонава има биланс 4:2 против ривалот во лигашкото финале, но за да го одбрани тронот и да му се реваншира за одземениот куп трофеј, ќе треба да слави уште двапати.

Првата шанса струмичани ќе ја имаат вечерва (19 часот), а доколку штипјани направат „брејк“, тогаш ќе имаат меч-топка пред своја публика. Од друга страна доколку Струмица вечерва слави ќе има шанса в четврток во Штип да освои нова титула.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО