Модриќ и Крос на состанок кај Перез, Анчелоти сака да ги задржи

Иднината на Лука Модриќ и Тони Крос во Реал Мадрид ќе биде решена во наредните денови. Како што пишуват мадридски медиуми, повикувајќи се на новинарот Хозе Феликс Диаз, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе одржи состанок со двајцата играчи од средниот ред.

Забележано е дека тренерот Карло Анчелоти сака Модриќ и Крос да останат, но прашање е какви понуди ќе добијат и двајцата од првиот човек на клубот. 38-годишниот Хрват во последно време повторно станува исклучително важен играч. Договорите и на двајцата завршуваат овој јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО