(ВИДЕО) Баер Леверкузен рекордерски до финалето на Лига Европа

Фудбалерите на Баер Леверкузен, новиот шампион во германската Бундеслига, се пласираа во финалето на Лига Европа (ЛЕ) и во неверојатен финиш го соборија рекордот на Бенфика стар 59 години (од декември 1963 до февруари 1965-та) за серија без пораз во една сезона во сите натпреварувања што се протегна на 48 меча.

По победата на Баер над Рома со 2:0 во првиот натпревар во Рим, реваншот во Леверкузен заврши 2:2. Рома водеше со 2:0 речиси до крајот и се чинеше дека ќе заврши неверојатната серија на Баер без пораз сезонава. Но „фармацевтите“ како и на повеќе мечеви успеаја во последните мигови да се спасат од пораз, на 49-от меч (40 победи и девет ремија) и да постават нов рекорд.

Двата гола за Римјаните ги постигна Леандро Паредес од пенал, првиот во 43, а вториот во 66-та минута. А потоа лудило во последните 10 минути. Во 82 минута Џанлука Манчини си постигна автогол за 2:1, а потоа во 97-та Хрвзтот, Јосип Станишиќ, играчот што влезе во игра во 90. минута, погоди за 2:2.

Баер во финалето на ЛЕ на 22 мај во Даблин, ќе игра против Аталанта, која беше убедлива против Олимпик Марсеј (3:0 и 1:1).

Баер Леверкузен стана вториот германски тим што се пласира во европско финале неделава, откако тоа и успеа на Борусија Дортмунд, во Лигата на шампиони (ЛЕ) во кое ќе се сретне со Реал Мадрид на „Вембли“, на 1 јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО