Младинската женска ракометна репрезентација го освои 16 место на Мундијалот

Во натпреварот за 15 позиција на Мундијалот нашите ракометни надежи загубија од селекцијата на Кина со конечен резултат 25:23.По првото полувреме репрезентацијата на Македонија имаа минимална позитива од 12:11.

Избраничките на селеткорот Дарко Јанев на СП одиграа вкупно седум натпревари и запишаа две победи над САД и Ангола во рамките од групната фаза.

Главната фаза ја стартуваа со реми против Португалија, па следуваа порази од Црна Гора и Исланд, а во разигрувањето за пласман од 13 до 16 место загубија и од Јужна Кореја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО