Mитревски го доби македонското дерби против Талески

Порто на Никола Митревски славеше против Бенфика на Филип Талески во португалското дерби со 34-29 во разигрувањето за шампионската титула во ракометниот шампионат на оваа земја.

Двете екипи во првиот дел играа израмнет ракомет (14-14), но во второто полувреме Порто на крилјата на Митревски стигна до победата од 34-29. Митревски го заврши натпреварот со 14 одбрани, додека најефикасни во победата беа Кристенсен и Магалаеш со по шест голови.

Филип Талески за Бенфика постигна три погодоци. И двајцата ракометари сега се очекува да и се придружат на репрезентацијата за бараж натпреварите против Фарски острови за пласман на Светското првенство 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО