Федерер има свои фаворит на Индијан Велс, а најави и дека размислува за нов спорт

Легендата на „белиот спорт“, Роже Федерер, истакна дека посакува да се види во еден друг спорт и попатно прокоментира околу тоа кој го гледа како фаворит на Индијан Велс.

Федерер во моментов се наоѓа во Сан Франциско, каде работи на промоција на Лејвер Купот за идната сезона, па имаше згодна прилика да се обрати до претставниците на седмата сила.

– Мислам дека Новак е голем фаворит во Индијан Велс, ми се чини дека Синер нема загубено од Австралија Опен наваму, Алкараз е исто така овде како бранител на титулата, така да верувам дека еден од овие три момци ќе биде нов освојувач на турнирот. За жал Надал се повлече и тој ќе беше дел од фаворитите, порача Федерер.

– Никогаш не сум играл пиклбол, верувале или не. Слушнав дека е доста популарен во Европа, дека е брзорастечки, па можеби ќе почнам да играм, којзнае, се надоврза Федерер.

Инаку Пиклболот неодоливо потсетува на тенисот, па можеби намерите на Федерер ќе се обвистинат наскоро.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО