Милосављевиќ порано од предвиденото ја напушти Шпанија и го засили Нант

Српскиот репрезентативец Марко Милосављевиќ и официјално кариерата ја продолжува во француски Нант. Поранешен играч на Црвена Звезда и Железничар од Ниш, порано од предвиденото ќе ги брани боите францускиот гигант, затоа што Нант ја плати откупната клаузула на шпански Адемар Леон и четири месеци порано го доведе српскиот бомбардер.

Подготвен сум да дадам сè од себе. Се надевам дека ќе се адаптирам што е можно побрзо и ќе му помогнам на тимот.

Разговарав со моите пријатели од репрезентацијата Милиќ и Пешмалбек кои играа во Нант и тие го потврдија она што го очекував од овој клуб, дека сè е на високо ниво“, изјави Милосављевиќ во првото обраќање до медиумите.

Инаку, 25-годишниот репрезентативец на Србија во текот на летото беше пред потпис со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, но иако речиси сè беше договорено, во последен момент трансферот пропадна. За него интерес имаше и од Алкалоид.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО