Милевски пред мечот со Црна Гора: Македонија мора да ја подобри реализацијата

Македонската фудбалска репрезентација попладнево, од 18 часот, во Анталија ќе го одигра вториот пријателски меч во мартовскиот ФИФА термин.

По ремито со Молдавија (1:1) во петокот, избраниците на Благоја Милевски денеска ќе имаат посериозен тест против селекцијата на Црна Гора, која на првиот меч во Анталија ја совлада Белорусија со 2:0.

– Се среќаваме со квалитетен противник, кој има квалитетни играчи што играат во силни лиги. Ние мораме да ја поправиме реализацијата. Не сум незадоволен од тоа што го прикажавме со Молдавија, но има работи кои мораме да ги поправиме ако сакаме позитивен резултат против Црна Гора.

Ќе има промени во составот со оглед на тоа дека тука сме да го провериме потенцијалот на некои играчи на различни позиции, најави Милевски на прес-конференцијата.

И Црногорците ќе менуваат за разлика од мечот со Белорусија. Нивниот селектор Роберт Просинечки најави дека против Македонија ќе почне со комплетно нов стартен тим, освен Јоветиќ кој ќе биде предводник на тимот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО