Милер и Пеџа влегуваат во „куќата на славните“

Поранешните кошаркари, Реџи Милер и Предраг Стојаковиќ, годинава ќе бидат примени во Куќата на славните на ФИБА. Американецот стана олимписки шампион во 1996 година и светски шампион во 1994 година со тимот на САД.

Српската кошаркарска легенда ја предводеше селекцијата до златниот медал на Светското првенство во 2002 година и на Евро-баскетот во 2001 година кога беше прогласен за МВП. Тој е исто така НБА шампион со Далас (2001) и трикратен учесник на Ол-стар мечевите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО