Турски милионер го купува Марибор

Турскиот милионер Ацун Иликали наскоро ќе го заврши преземањето на словенечки Марибор.

-Ги почитувам и другите клубови, Мура е успешен клуб, Олимпија е добро познато име во Европа, исто така и Марибор, изјави тој за Спортклу Словенија.

-На крајот морате да донесете одлука, баравме и размислувавме два месеци, но сега мислам дека тимот и јас одлучивме дека ова е вистинскиот проект со одлични навивачи, одлични луѓе и голем град. Ми беше многу важно да имам аеродром во близина бидејќи постојано патувам. Мал аеродром да доаѓам и заминувам, а работа да не трпи. Јас сум луд по фудбал и сакам да гледам што повеќе натпревари.

Ова значи дека Марибор за прв пат во својата историја ќе има странски инвеститор.

Марибор 16 пати беше шампион на Словенија, освои девет Купа и четири словенечки Суперкупа, а три пати играше во групната фаза од Лигата на шампионите. Сезонава не им оди баш најдобро, се само третопласирани зад Целје и Олимпија.

Иликали веќе е сопственик на англиски Хал Сити, а претходно раководеше со холандската Фортуна Ситард и ирскиот Шелбурн.

Сопственик е на ТВ каналите TВ8 и TВ8.5, како и на турската дигитална платформа „Ексен“. Од 2018 до 2021 година тој беше на листата на 500 највлијателни бизнисмени во медиумскиот и забавниот сектор.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО