Милан го победи Сити, Арсенал славеше над Јунајтед па загуби на пенали

Фудбалерите на Милан го совладаа англискиот шампион Манчестер сити во пријателски натпревар, додека Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 во 90 минути, а пота загуби на пенали.

Норвежанецот Халанд го доведе Манчестер сити во водство во 19. минута, но на полувреме Милан замина со предност, благодарение на двата гола на Коломбо,во 30. и 34. минута. Во вториот дел Сити изедначи со голот на Меати, а победата на Милан му ја обезбеди Насти со гол во 78. минута.

На другата страна на САД, во Инглвуд, Калифорнија, Арсенал со 2:1 го совлада Манчестер јунајтед, кој поведе со голот на Расмус Хојлунд во 10. минута. Израмни Габриел Жесус со гол во 26. минута, а победата на Арсенал ја обезбеди уште еден Бразилец Габриел Мартинели на девет минути пред крајот за 2:1.

И пооа се случи нешто што само Американците можат да го направат. Претходно било договорено да се шутираат пенали без оглед на резултатот. Во пенал серијата победи Манчестер јунајтед со 4:3.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО