Македонската таеквондистка, Мила Рељиќ имаше фантастични борби на Скопје Опен Рамус Г1 натреварувањето.
Рељиќ во првото коло ја победи Лихама Асумаја Ангуста (Франција) со 2:0 во рунди, а во следното, втото коло беше подобра од Андреа Комарина (Црна Гора).
Во полуфиналето Рељиќ ја победи Италијанката Кристина Гаспам, а во финалето Јулика Шпак, без да загуби ниту една рунда на патот до златниот медал.
Ова се нови 10 поени за Мила на олимписката и светската ранкинг листа. Со златен медал се закити и Дејан Георгиевки. На турнирот учествуваше и Горјан Бадаровски кој имаше одлична борба против искусниот Израелец, Сасун Иматар.