Трета среќа за Синер на Мастерсот во Мајами

Италијанецот, Јаник Синер триумфира на Мастерот во Мајами победувајќи го во финалето Бугаринот, Григор Димитров, убедливо со 6:3 и 6:1.

За шампионот од Австралија опен, Синер ова беше „трета среќа“, откако претходно двапати беше поразен во финалниот меч во Мајами, во 2021 и 2023 година. За него ова е втора титула на „Мастерс 1.000“ турнирите.

Синер (22) стигна до третата титула во 2024-та, по победите во Мелбурн и во Ротердам. Тој загуби само еден меч во досегашниот тек од сезоната и се искачи на второто место на светската АТП ранг-листа.

– Ова беше многу посебна недела за мене, се соочив со различни ситуации на теренот и со различни противници. Бев полн со енергија и многу сум среќен што сум број 2 на светот. Но тоа е само бројка, за мене беше најважно е да се обидам да го реализирам мојот план за игра vo што успеав, изјави Синер за Скај спортс.

Синер стана првиот Италијанец кој влегол меѓу првите двајца тенисери на АТП листата од 1973 година, откако официјално почна ваквото рангирање.

Поразениот Димитров имаше добар настап во Мајами, ги победи првиот носител, Карло Алкараз и Германецот, четвртиот носител, Александар Зверев, по што се искачи на деветтото место на АТП листата, и за прв пат од 2018 година е во „топ 10“ .

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО