Меси и се приклучи на Аргентина пред Копа Америка

Лионел Меси му се приклучи на тимот на Аргентина неколку дена пред почетокот на Копа Америка, објавија тамошните медиуми. Фудбалерот на Интер Мајами го одржа првиот тренинг со тимот во комплексот во Форт Лодердејл, Флорида.

Меси ги пропушти последните две контроли на „гаучосите“ против Ел Салвадор и Костарика во март. Потоа се здоби со повреда на тетивата. Оттогаш, сепак, тој успеа да се опорави, па дури и погоди на последниот првенствен натпревар на Интер Мајами. „Добро е што доби неколку минути по повредата. Важно е да не се изгуби играчкиот ритам“, изјави селекторот на Аргентина Лионел Скалони.

Светските шампиони имаат две контроли пред почетокот на Копа Америка – против Еквадор (9 јуни) и Гватемала (14 јуни).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО