Мерцедес со Расел и Хамилтон ќе стартуваат први на патеката „Силверстоун“

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе ја има стартната пол-позиција на трката за ГН на Велика Британија која се вози утре на патеката „Силверстоун“ во Англија.

Британецот на задоволство на домашната публика ги имаше двата најбрзи круга во завршната сесија и тоа му овозможи да се пласира на првата позиција во денешните квалификации и ќе има пол-позиција за стартот на утрешната трка. Луис Хамилтон ја комплетираше доминацијата на Мерцедес со своето второ место, додека на третото место заврши Ландо Норис, кој можеби беше прв фаворит за пол-позицијата.

Од четвртото место ќе тргне актуелниот Формула 1 шампион Макс Верстапен, а понатаму следат Оскар Пјастри од Мекларен, Нико Хулкенберг од Хаас, Карлос Сајнц од Ферари, Ленс Строл од Астон Мартин, Александар Албон од Вилијамс и Фернандо Алонсо од Астон Мартин. Трката за ГН на Велика Британија на патеката „Силверстоум“ се вози во утре (недела) а стартот е од 16:00 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО