10/09/2024

Мерцедес направи трансфер на Италијанец од Ферари

Екипата на Мерцедес го ангажираше поранешниот шеф на Ферари, дизајнерот Симоне Реста, за нов директор на стратешкиот развој.

Мерцедес сака да се врати меѓу конкурентите за титулата, а доведувањето на овој искусен Италијанец, може да го направи клучниот чекор напред.

Реста работеше со техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Алисон во Ферари од 2013 до 2016 година.

Освен овој трансфер, најавено е дека Мерцедес следниот период, ќе го доведе од Ферари и Енрико Сампа, која ќе стане шеф на софтверските апликации за перформансите на болидот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО