Де Јонг го продолжи договорот со Барселона

Френки де Јонг ја продолжи соработката со ФК Барселона до 2029 година, соопшти клубот денес.

Новото договорно продолжување беше официјализирано во седиштето на Барселона, во присуство на претседателот Џоан Лапорта, потпретседателот Рафаел Јусте, член на одборот Џоан Солер, спортскиот директор Деко (Андерсон Луис де Соуза), координаторот Бојан Кркиќ и други членови на спортската комисија.

Договорот вклучува и значајно зголемена откупна клаузула – сега таа изнесува 500 милиони евра.

Френки де Јонг пристигна во Барселона од Ајакс во 2019 година, и во периодот како член на каталонскиот гигант освојуваше титули како шампион на Шпанија, Купот на Кралот и Суперкупот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО