Меморијален турнир „Марко Божиновски“ по трет пат

Ристе Божиновски, основачот на Фондацијата „Марко Божиновски“, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ по повод Традиционалниот меѓународен Меморијален ракометен турнир „Марко Божиновски“ за играчи до 18 години, од 14 до 16 јуни.

– Годинава по трет пат ќе го организираме турнирот на отвореното игралиште во населбата Ново Лисиче и се надеваме дека временските услови ќе не’ послужат. Ќе учествуваат осум екипи, пет од Македонија и три од БиХ, Романија и Црна Гора.

Турнирот преставува можност за афирмација на младите ракометари, за размена на искуства, и пред се’, да го сочува споменот за Марко. Ги поканувам сите што можат да дојдат, да го проследат настанот и да им дадеме дополнителен мотив на младите ракометари, потенцираше Божиновски

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО