ЕП во атлетика: Трајковски не ги мина квалификациите во скок во далечина

Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски, не успеа да се пласира во финалната серија во дисциплината скок во далечина, на Европското првенство (ЕП) што се одржува во Рим, Италија.

Трајковски (31) во квалификациите прескокна 7,73 метри, што е послаб резултат од неговиот личен и македонски рекорд, 7,91 метри.

Македонија на ЕП во атлетика ќе ја претставува и Дарио Ивановски кој ќе настапи во полумаратонот, во недела.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО