Меклафлин-Леврон по петти пат го собори светскиот рекорд!

Олимписката шампионка, Американката Сидни Меклафлин-Леврон го собори сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки во квалификациите за Олимписките игри (ОИ) во Париз во Орегон. Таа по петти го соборува светскиот рекорд во оваа дисциплина.

Меклафлин – Леврон (24) забележа време од 50,65 секунди, што беше побрзо за 0,03 секунди од нејзиното претходно најдобро време, забележано на Светското првенство (СП) 2022 година на истата патека.

– Не го очекував тоа време. Супер охрабрувачки е, знам дека имам уште повеќе потенцијал, рече таа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО