Мејну не планира да го продолжи договорот со Јунајтед

Асот на Манчестер Јунајтед, Коби Мејну не планира да го продолжи договорот со клубот кој истекува за две сезони и најверојатно ќе биде продаден, пишуваат медиумите на Островот.

Претставниците на Мејну не постигнале договор со раководството на клубот, кое е подготвено да го продаде играчот на младинската академија.

Јунајтед наводно ќе бара околу 70 милиони фунти за 19-годишниот играч кој напредуваше низ младинските редови на „црвените ѓаволи“ и дебитираше пред две сезони.

Оттогаш настапи на 60 натпревари, а добрите игри му донесоа повик во репрезентацијата на Англија, за која одигра десет натпревари.

Мејну моментално заработува 20.000 фунти неделно и нема играно откако ја повреди потколеницата во февруари.

Неговата евентуална продажба би ги обезбедила на Јунајтед многу потребните пари, со оглед на тоа што клубот е во голема финансиска криза.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО