Центарот Тон Мејкер, не ќе може игра за селекцијата на Јужен Судан на Олимписките игри (ОИ) во Париз, потврди кошаркарот на социјалните мрежи.
„Денеска е тажен ден за мене. Приказната ја почнав на 5 април, но за жал, моето писмо за одобрување да играм за новата репрезентација пристигна предоцна во ФИБА“, напиша 27-годишниот кошаркар на социјалните мрежи.
Мејкер кој има настапувано за репрезентацијата на Австралија доби дозвола од тамошната федерација да ги брани боите на Јужен Судан, но целиот процес не успеа да се заврши пред ОИ.