ТФТ и следната сезона дел од АБА 2

Македонскиот кошаркарски клуб ТФТ денеска и официјално потврди дека и следната сезона ќе биде дел од АБА 2 лигата.

Еден од најмладите македонско кошаркарски клубови минатата сезона имаше одличен настап во второто по ранг јадранско натпреварување каде за малку му избега и историски пласман во елитното натпреварување во регионот.

ТФТ стигна до финалето каде беше поразен од Широки Бријег, а потоа не успеа ни во баражот против Борац Чачак.

Клубот од скопската населба Тафталиџе се заблагодари на АБА за повикот и вети дека со големи амбиции влегува во новата сезона од натпреварувањето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО