Мегваер се повредил на мечот со Бразил

Централниот дефанзивец на Англија и на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер го напушти националниот тим, откако се повреди на пријателскиот натпревар против Бразил, 0:1.

Најавите се дека повредата не е посериозна и оти Мегваер наскоро ќе им се врати на тренинзите, но сепак ќе мора да се почека на дополнителните прегледи.

Следниот натпревар на Јунајтед во Премиер лигата е в сабота, на гости против Брентфорд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО