(ФОТО) Станојковски и Николов се нови/стари пинг-понг шампиони на Македонија

Минатиот викенд во салата „Јане Сандански“ во Скопје се одржа Државното првенство во пинг-понг, за сениори и сениорки во сите категории. Нови /стари шампиони се Кристијан Станојковски и Амелија Николов.

На турнирот имаше и неколку изненадувања. Кај девојките, младата Моника Стајковска од Берово, која има само 14 години, се пласира во финалето во поединечна конкуренција и го освои второто место. Кај мажите изненади Венко Стојанов од Радовиш, кој како 22. рангиран го освои третото место.

Резултати, поединечна конкуренција:

Мажи: 1. Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка 2. Филип Младеновски – ППК Шампион Фа 3. Лука Стојчев – ППК Младост 3. Венко Стојанов – ППК Радовиш

Жени: 1. Амелија Николов – ППК Шампион Фа 2. Моника Стајковска – ППК Зегин Берово 3. Сара Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров 3. Софија Хасану – ППК Младост Микс

Мажи, двојки: 1. Кристијан Станојковски и Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка 2. Лука Стојчев и Дамјан Стојчев – ППК Младост 3. Димитрие Жоговски и Роберт Михајловски – ППК Телеком Нец 2 3. Александар Кралев и Филип Младеновски – ППК Шампион Фа

Жени, двојки: 1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка и Амелија Николов ППК Шампион Фа 2. Фани Јованоска – ППК Зегин Берово и Сара А. Стојановска – ППК Крива Паланка 3. Софија Хасану и Емилија Марковска – ППК Младост 3. Сара С. Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров и Васе Богоевска – ППК Младост 96

Мешани двојки: 1. Филип Младеновски и Амелија Николов – ППК Шампион Фа 2. Кристијан Станојковски и Ана Стојановска – ППК Крива Паланка 3. Нико Доага и Софија Хасану – ППК Младост 3. Даниел Главевски – ППК Пелагонија и Фани Јованоска – ППК Зегин Берово

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО