Мбапе повторно мораше да демантира

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе се уште не одлучил каде ќе ја продолжи својата играчка кариера, соопшти менаџерскиот тим на францускиот репрезентативец.

Одредени француски медиуми објавија дека Мбапе на крајот од сезоната кариерата ќе ја продолжи во Реал, бидејќи постигнал договор со мадридскиот клуб.

Мбапе има договор со францускиот шампион до крајот на сезоната. Тој има право да преговара со други клубови бидејќи влезе во последните шест месеци од договорот со парискиот клуб.

-Килијан не постигна договор со ниту еден клуб. Мбапе не разговарал со ниту еден клуб за својата иднина, ниту пак некој му одредил рок, соопштија од менаџерскиот тим на Мбапе.

Мбапе (25) пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако, а оваа сезона за францускиот шампион постигна 25 гола на 24 натпревари во сите натпреварувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО