Африканскиот голман е хит поради нозете. Тој е висок 196 см и тежок 64 кг

Голманот Бабакар Ниасе (27) ќе брани за Мавританија на Африканскиот куп на нации. Турнирот ќе се игра од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска.

Ниасе брани за францускиот второлигаш Генгамп, а популарен е меѓу навивачите на социјалните мрежи поради исклучително слабите нозе. Нијасе е висок 195 сантиметри и тежок 64 килограми, што го прави да изгледа необично за фудбалер.

Ниасе претходно бранеше за младата репрезентација на Сенегал, но потоа ја прифати поканата на Мавританија. Таа репрезентација на претстојниот турнир ќе игра против Алжир, Буркина Фасо и Ангола.

Ниасе има девет настапи за Мавританија, а оваа сезона има еден настап за својот клуб во Купот на Франција. Според Трансфермаркт, вреди 400 илјади евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО