Мбапе забележа уникатно достигнување со ПСЖ во Лигата на шампиони

Голот на францускиот напаѓач на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) со Реал сосиедад (2:0) му помогна на напаѓачот да забележи уникатно достигнување, пренесува „Опта Спорт“.

Французинот е првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал барем еден гол на 10 последователни домашни натпревари на кои се појавил во стартниот состав.

Голот против Реал сосиедад беше 44-ти за 25-годишниот напаѓач во 68 натпревари во ЛШ. Само Лионел Меси постигна повеќе голови до 26 години, 59 гола.

Сезонава Килијан Мбапе настапи на 30 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 31 гол и забележа седум асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО