Баерн загуби во осминафиналето на ЛШ за прв пат по пет години

Баерн Минхен синоќа претрпе пораз на гости кај Лацио во Рим со 0:1 во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Овој пораз беше прв за Баерн Минхен во 1/8-финале на ЛШ од сезоната 2018/2019, кога минхенскиот тим загуби од Ливерпул во реваншот дома со 1:3 и беше елиминиран од турнирот.

Потоа, германскиот клуб ја минуваша 1/8 финалната фаза без пораз, со  две победи над Челси во сезоната 2019/2020 (3:0,4:1), две победи над Лацио во сезоната 2020/2021 (4:1,2:1), реми и победа над Салцбург во сезоната 2021/2022 (1:1,7:1) и две победи над ПСЖ во сезоната 2022/2023 (1:0,2:0).

На фудбалерите на Баерн Минхен им преостанува во реваншот што ќе го играат на домашен терен да победат со два гола разлика за да се пласираат во четвртфиналето од ЛШ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО