Мбапе ја пропушта турнејата на Реал во САД

Килијан Мбапе ќе ја пропушти турнејата на Реал Мадрид низ САД, одлучено е по консултациите меѓу клубот и медицинската служба на Француската фудбалска федерација (ФФФ).

Мбапе го скрши носот на Европското првенство (ЕП) и иако за санирање на неговата повреда не беше потребна операција, констатирано е дека не треба да се ризикува неговото здравје пред почетокот на сезоната.

Операцијата засега е откажана, но договорено е и натаму да се следи состојбата на Мбапе. Во Реал неговото доаѓањето го очекуваат на 8 август, по враќањето на Реал од подготовките во САД.

Шпанските медиуми наведуваат дека за Реал не е спорна подготвеноста на Мбапе и оти заклучиле дека нема потреба премногу да се заморува во претсезоната.

Реал новата сезона ќе ја почне како бранител на титулата во шпанската Ла лига и во Лигата на шампиони (ЛШ).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО