Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, постигнаа по два гола на вчерашните мечеви со Реал Сосиедад и Лацио и го запоседнаа врвот на листата кај голгетерите во елитата на Европа.
Вкупно гледано, Французинот сега има 33 гола и 7 асистенции на 34 натпревари додека Англичанецот има 32 гола и 8 асистенции на 33 натпревари.
Тие стигнаа до 40 поени користејќи го системот гол+додавање побрзо од било кој друг во најдобрите пет лиги во светот.