Неколку менаџери сакаат да го предводат Манчестер Јунајтед.

Според „ESPN“, претставници на неколку тренери контактирале со англискиот фудбалски клуб, Манчестер Јунајтед.

Тие веруваат дека менаџерот, Ерик Тен Хаг, ќе добие отказ пред почетокот на наредната сезона. Познато е дека новиот малцински сопственик, Џим Ретклиф, најави дека ќе има големи промени иако првично тоа не се однесуваше на холандскиот тренер.

„Црвените ѓаволи“ по 27 кола во Премиер Лигата го имаат 6-то место на табелата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО