Мбапе го заштити начинот на кој ги прославува головите

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе (25) реши да заработи се што може од својот имиџ. Шпанските медиуми пишуваат дека тој поднел барање до Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ во Аликанте за во иднина да биде заштитенначинот на кој ги прославува головите.

Кога ќе го има на писмено, секој што сака да слави гол како Мбапе, законски ќе мора да плати пенали. И ова е дел од модерен фудбал.

Сега е повеќе од сигурно дека Мбапе следното лето ќе игра за Реал Мадрид.

Францускиот фудбалер со себе во најголемиот клуб во светот ќе го „понесе“ сиот свој комерцијален потенцијал (кој се мери во стотици милиони евра), а заштитата на прославата на голот е уште еден начин да се обезбеди дека се што прави е осигурано и потенцијално се наплатува.

Неговиот начин на славење им е познат на многумина – прекрстени раце преку градите со палците надвор.

Капитенот на Пари Сен Жермен веќе заштитил неколку свои брендови, од пасти за заби, парфеми, чанти, облека, чадори, чевли и сето тоа го пријавил во споменатата Канцеларија на ЕУ во Аликанте.

Ниту Меси ниту Роналдо немаа толку многу заштитни брендови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО