Матео: Прво пиво, па Панатинаикос

Тренерот на Реал Мадрид, Чус Матео, ги изнесе впечатоците по победата над Олимпијакос на Фајнал-форот од Евролигата.

Реал го совлада Олимпијакос со 87:76 и се пласираа во финалето, каде ги очекува пресметка со грчки Панатинаикос, кој претходно беше подобар од Фенербахче.

– Перфектно разбравме што треба да направиме за да го добиеме Олимпијакос. Мора добро да ги анализираме противниците, да го видиме натпреварот, како одиграме со Фенер. Не сум изненаден што се дел од финалето.

– Полни се со самодоверба и нема да биде лесно против нив. Имаат лидер во тимот, Слукас, имаат добра хемја, ќе биде тешко. Тоа е се што можам да кажам засега, ќе се почестиме пиво за победата, а дури потоа ќе размислуваме за ПАО, порача Матео.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО