Големо признание за Влаховиќ – играч на сезоната во Серија А

Репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ, е прогласен за најдобар напаѓач во италијанската Серија А сезонава.

Српскиот интернационале во дресот на Јувентус сезонава постигна 16 голови, а наградата за најдобар напаѓач ја освои во конкуренција на Дибала од Рома и Рафаел Леао од Милан.

За најдобар тренер во Серија А е прогласен Симоне Инѕаги, кој со Интер сезонава освои шампионска титула.

Алесандар Бастони од Интер е прогласен за најдобар дефанзивец, а неговиот клупски колега Хакан Чалханоглу за најдобар играч за врска.

Титутлата најдобар играч до 23 години му припадна на фудбалерот од Болоња, Џошуа Зирки.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО