Жоао Феликс: Сакам да останам во Барселона, но не зависи од мене!

Португалскиот интернационалец од редовите на Барселона, Жоао Феликс, призна дека сака да продолжи да игра во Барселона каде што минатата сезона беше на заем од Атлетико Мадрид.

Но Барселона не сака да му плати 60 милиони евра на Атлетико за да ги откупи правата на напаѓачот и тој најверојатно нема да остане во редовите на Каталонците. Сепак постои опција Барсeлона да почне нови преговори со мадридскиот клуб под сосема други услови.

– Барселона е тимот на моето детство и сакам тука да останам. Очигледно не зависи многу од мене, многу работи зависат од други, рече Феликс.

Тој има уште еден нереализиран сон, да ја освои „Златната топка“.

– Се надевам дека еден ден ќе успеам, но за тоа мора да се освојат доволно трофеи. Барселона е неверојатен тим, еден од најголемите во светот, додаде Феликс.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО