Марко Роси останува селектор на Унгарија до 2026 година

Селекторот на унгарската фудбалска репрезентација Марко Роси ќе остане на својата функција и покрај неславниот настап на Унгарците на ЕП 2024. Со соопштение, Унгарскиот фудбалски сојуз потврди дека Роси ја има нивната доверба.

-Следната задача со која се соочува унгарската репрезентација е успешно да настапи во Лигата на нациите оваа есен, а потоа и на квалификацискиот турнир за Светското првенство. Тимот ќе биде предводен од Марко Роси со максимална поддршка од синдикатот и претседателот, изјави Шандор Чањи, претседател на Унгарскиот фудбалски сојуз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО