Лаури Марканен (27), кошаркарот, центарот на Јута џез (висок 2,13 метри) деновиве треба да го продолжи договорот со НБА екипата од Солт Лејк Сити, велат последните информации од САД.
Новиот договор ќе биде до крајот на сезоната 2028/29, а вкупната сума ќе изнесува повеќе од 200 милиони долари.
– Ми се допаѓа тука. Го кажав тоа повеќепати, моето семејство се чувствува добро во оваа средина, беа зборовите на Финецот.