Мареска спрема ремонт во Челси. Ќе продава четворица играчи за 145 милиони фунти

Италијанецот Енцо Мареска (44), новиот менаџер на Челси, кој дојде од Лестер, подготвува големи промени во обид да го трансформира прескапиот, но неефективен тим.

Според „Тимток“, Мареска сака да продаде четворица играчи за вкупни 145 милиони фунти со цел да ослободи средства за нови засилувања.

Дефанзивецот Беноа Бадијашили би можел да биде првиот што ќе замине откако не ги оправда очекувањата по доаѓањето од Монако за 33 милиони фунти во јануари 2023-та. За 23-годишниот играч се вели дека е заинтересиран Милан.

Мареска ќе го пушти да си оди и голманот, Роберт Санчез, бидејќи сака да ангажира чувар на мрежата кој е подобар со топката во нозете. Санчез минатото лето беше засилување за 25 милиони фунти и се верува дека има интересенти за него во Премиер лигата и во Шпанија.

Пред излезната врата е и Марк Кукурела, кој дојде од Брајтон за огромни, 60 милиони фунти минатото лето, но не ја оправда таа цена. Манчестер јунајтед и Астон вила, наводно, се поврзуваат со 25-годишниот фудбалер. Најверојатно ќе си замине и централниот бек Тревох Чалоба.

Со оглед на тоа што 24-годишниот играч е производ на академијата на „сините“, секоја сума добиена за него би се сметала како чиста добивка. Манчестер Јунајтед беше поврзуван со трансфер вреден 25 милиони фунти за англискиот репрезентативец до 21 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО