Манчестер јунајтед во Олисе гледа замена за Ентони

Угледниот новинар Фабрицио Романо објави дека Манчестер јунајтед летово ќе се обиде го ангажира  крилото на Кристал палас, Мајкл Олисе, како замена за Ентони.

За Ентони ова е втора сезона со „црвените ѓаволи“, но досега има дадено само еден гол и една асистенција, во ФА купот. Романо вели дека постои можност Ентони да замине доколку Манчестер јунајтед успее да најде замена за него.

Олисе е играч кого Јунајтед го следи подолг период, но останува да се види дали ќе може да се постигне договор околу неговата цена.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО