Четиригодишна суспензија за Пол Погба!

Весникот „Ла Република“ објави дека Пол Погба  е суспендиран на четири години. Играчот од средниот ред на Јувентус, порано и на Манчестер јунајтед, беше позитивен на тестостерон, на тестот направен по натпреварот  против Удинезе на 20 август 2023 година.

Погба во март ќе наполни 31 година, а забраната почнува од моментот кога првпат бил позитивен, односно ќе трае до август 2027-та. Тогаш ќе има 34 години што ги зголемува сомнежите дека тоа би можело да значи крај на неговата кариера.

Победникот на Светското првенствио (СП) 2018 со Франција целиот натпревар со Удинезе го помина на клупата за резерви. Потоа влезе како замена на мечевите против Болоња и Емполи, но оттогаш не игра фудбал.

„Ла Република“ тврди дека обвинителството никогаш не поверувало во верзијата на одбраната за случајно внесување тестостерон.

Тоа беше клучен фактор адвокатите на Погба да го отфрлат договорот за признавање вина, потег што веројатно барем ќе му ја преполовеше забраната.

Четиригодишната суспензија е стандардна според Светскиот антидопинг кодекс. „Скај Италија“ објави Погба ќе се жали на суспензијата во Судот за спортска арбитража (САС)

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО