Македонија и возврати на БиХ во втората контролка

Младата репрезентација на Македонија (до 19 години) во интересен натпревар забележа победа над селекцијата на БиХ со 2:0, во вториот контролен меч што се одигра на тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошевски” во Скопје.

Погодоците беа постигнати во второто полувреме. Каба Јакупи стрелаше прецизно во 52 –та, а во последните минути од мечот, Фикрет Љиварека погоди за конечни 2:0.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа многу подобро отколку на првата контролка во која беа поразени со идентични 0:2

Двата контролни натпревара против БиХ беа последната проверка за младите фудбалери на Македонија пред почетокот на елитната квалификациска фаза за пласман на Европското првенство (ЕП).

Елитната рунда квалификации ќе се игра од 18 до 26 март годинава. Македонија е во групата 7, со Швајцарија, Украина и Летонија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО