Македонија денеска ќе ги добие противниците на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе ги дознае противниците во групната фаза на Европското првенство (ЕП) кое од 28-ми ноември до 15-ти декември ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Македонските ракометарки првпат по 12 години обезбедија пласман преку квалификациите, за второ учество по ред, со оглед на тоа дека на минатиот шампионат, Македонија беше еден од домаќините.

Ждрепката во Виена е закажана за попладнево, во 18 часот, а Македонија е во третиот шешир, со репрезентациите на Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд.

Можни противници од првиот шешир се Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска и Холандија, а од вториот, Швајцарија и Австрија изгледаат како поволен избор. Освен двата домаќина, во вториот шешир се Германија, Шпанија, Романија и Унгарија.

Во „најслабиот“ шешир според квалитет, се Чешка, Украина, Турција, Фарски Острови, Португалија и Словачка.

Групната фаза од ЕП ќе се игра во Дебрецин, Базел и во Инсбурк, а главната рунда во Дебрецин и Виена, каде што ќе биде и завршницата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО