(ВИДЕО) Џентлменско однесување на фудбалерите на Реал

Реал Мадрид на пенали го елиминира бранителот на титулата, Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ).

За случувањата и возбудувањата на мечот и по него, наголемо се пишува и се дебатира, а култниот шпански фудбалски тв канал, „Ел Чирингито“ (El Chiringuito) објави и видео на кое се гледа како играчите на Реал Мадрид излегуваат на стадионот „Итихад“ на загревањето.

Притоа особено се нагласува како фудбалерите избегнувале да го згазнат грбот на Манчестер сити, кој се наоѓа на тепихот што води кон тревникот.

Тие го поздравија тој потег, како и многумина навивачи, посебно англиските, кои на социјалните мрежи пишуваат дека играчите на Реал се вистински господа и џентлмени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО